Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија под водство на селекторката Јулијана Црвенкоска, в недела стартува со подготовките пред квалификациите за пласман на СП 2018 што ќе се одржи летово во Унгарија. На подготовките се повикани 20 ракометарки меѓу кои најбројни (11) се од составот на Металург, пет репрезентативки доаѓаат од Вардар, три од Куманово и една интернационалка од тимот на Кастриоти.
Квалификацискиот турнир за СП 2018 ќе се игра од 23 до 25 март во Вестманајер на Исланд, а пласман на шампионатот во Унгарија обезбедуваат првите две селекции од групата. За место на јуниорскиот шампионат, Македонија во четвртата квалификациска група за противници ги има Германија, Литванија и домаќинот Исланд.
Состав на македонската репрезентација:
Голмани: Јована Мицевска (Вардар), Слободнака Кицевска (Вардар), Амра Илјаз (Металург)
Бекови: Милица Николиќ (Вардар), Леонида Гичевска (Вардар), Јана Калајџиевска (Металург), Марија Гугуљанова (Металург), Мила Трајковиќ (Куманово), Тамара Ивановска (Куманово), Јована Кипријановска (Куманово).
Крила: Пена Граматикова (Металург), Марија тасевска (Металург), Билјана Димчевска (Металург), Марија Гајиќ (Металург), Ивона Трпевска (Вардар), Арлинда Динарица (Кастриоти, Косово)
Пикери: Аида Брунчевиќ (Металург), Аида Смајловска (Металург), Мила Алексовска (Металург), Јована Владева (Металург).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА