Македонската женска младинска кошаркарска репрезентација до 18 години го заврши настапот на Европското првенство во „Б“ дивизија кое се одржува во Литванија со пораз од Босна и Херцеговина со убедливи 69-79 и со тоа го освои 18. место на шампионатот.
Јуниорките на Босна и Херцеговина го наметнаа темпото уште од самиот старт на средбата постигнувајќи 32 поени во првата четвртина за двоцифрена предност од 18 поени, а продолжија во исто темпо и до крајот на полувремето (26-53).
Со оглед на резултатот следеше пад во играта на противникот, а тоа го искористи Македонија за ублажување на негативата особено во последната четвртина која „црвено-жолтите“ ја добија со 28-9.
Колева со 20 поени, 7 скокови и 7 асистенции беше прво име во редовите на Македонија, а неа ја следеше Трајковска со 19 поени и 8 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

