Јуниорките поразени и од Србија

Женската јуниорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претпре и вториот пораз на турнирот во Софија во рамките на зонските квалификации за ЕП. По вчерашниот пораз од Турција, избраничките на селекторот Александар Митев денеска загубија и од Србија со максимални 3-0, по сетови 25-13, 25-13 и 25-15.

Нашите одбојкарки немаа шанси буквално во ниту еден сет против големиот фаворит, па откако вчера против Турција пружија каков таков отпор денеска победникот беше познат уште по првиот поен.

Милева, Трајковска и Милевска денешниот дуел го завршија со по 3 поени, додека кај Србија, Ристиќ реализираше 6 поени.

Се вчитува...