Нашата женска јуниорска селекција во два дена одигра два натпревари со квалитетната репрезентација на Грција.
На „контролите“ во Солун, осетно ослабени, со неиграњето на неколку важни кошаркарки, како Михаела Алексовска, Марија Николов и Милица Николиќ, кошаркарките на нашиот јужен сосед беа доста подобар ривал.
На првиот меч, домаќинките славеа со убедливи (69-29). А јуниорките на Грција беа подобри од нашите и на втората проверка (83-33), исто така одиграна во Солун.
По враќањето во Скопје, нашата женска селекција „Под 18“ години ќе продолжи со тренажниот процес во СРЦ „Кале“.
На 27. Јуни е планирано заминување за Бугарија, каде според плановите на стручниот штаб, јуниорскиот тим ќе одигра уште еден пријателски натпревар, со селекцијата на Бугарија.
На 29. јуни е предвиден и почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Македонија е дел од групата „A“ заедно со селекциите на Хрватска, Данска, Исланд и Холандија, репрезентација со која на 30. јуни (од 13.часот), и ќе го стартуваме шампионатот во Софија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА