Кошаркарското фијаско на Македонија денеска го комплетираа јуниорките, генерацијата за кошаркарки до 18 години кои се натпреваруваат на Европското Првенство – Б дивизија во Република Ирска (48-77).
Тие одиграа четвртина за заборав на дуелот со Украина, откако во првите десет минути од средбата не постигнаа ниту еден единствен поен, губејќи со 0-17. Далеку подобро беше во остатокот од мечот, во кој противничките заиграа и полабаво во одбраната, па Македонија до крајот успеа да стигне до вкупно 48 поени, но и нов убедлив пораз од 48-77.
Андонова со 14 поени беше најефикасна кај нашата селекција, во чии редови Шеќероска постигна седум поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА