Женската јуниорска репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз на Европското првенство – „Б“ дивизија кое се одржува во Романија. Младите кошаркарки беа поразени со 62-25 од Холандија, во меч во кој разигруваа за пласман од 9 до 18 место.
Холанѓанките уште од стартот на натпреварот го презедоа водството, и го држеа до крајот. Во ниту една четвртина македонските кошаркари не постигнаа двоцифрен број на поени. Во последната четвртина уфрлија само 2, и тоа од слободни фрлања.
Ива Колева и Душица Мицева беа најефикасни во нашата репрезентација со по седум поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА