Јунус Муса се налути за измената во 24. минута

Играчот на Милан, Јунус Муса беше незадоволен откако беше заменет во првото полувреме на натпреварот на неговиот тим со Фиорентина. На крајот Милан од 0-2, се врати на 2-2 и успеа да дојде барем до еден бод.

Во средината на првото полувреме при резултат 1:2, Серхио Консеикао ја направи првата замена. Тренерот на Милан во 24. минута на клупата го испрати Муса заслужен барем за еден гол. На теренот влезе напаѓачот Лука Јовиќ .

Замената направена веднаш по голот на Милан не е предизвикана од повреда, таа беше од техничка природа. За Муса, со исклучок на мечот против Наполи, кој го пропушти поради суспензија, ова беше 3. натпревар како стартер во Серија А.

Јунус го напушти теренот без никакви проблеми, но веднаш се упати кон соблекувалната со разочарување, одбивајќи да се ракува со своите соиграчи.

Алесандро Флоренци и Страхиња Павловиќ побрзаа да го утешат играчот, убедувајќи го да се врати. По 10 минути Американецот се врати во тимот, го прегрна Консеикао и се извини за бурната реакција.

Се вчитува...