Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес, кој на клупата го замени Карло Анџелоти, на синоќешниот дуел против Селтик (3-0), постави нов рекорд во Лигата на шампионите. Тој е најстариот тренер што водел тим во најсилното европско натпреварување.
Хејнкес го водеше Баерн со 72 години и 162 дена, а со оглед на тоа што германскиот тим е еден од фаворитите да стигне до завршницата на ЛШ, Хејнкес сезонава уште многу шати ќе го урива сопствениот рекорд.
Вчерашниот меч на Баерн беше историски и за Арјен Робен кој го одбележа јубилејниот 100.настап во Лигата на шампионите, од тоа 60 настапи му се во дресот на Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА