Трета среќа. Вардар тргна со убедлив пролетен триумф, а конечно успеа да најде лек и за Шкупи. По двете ремија во есенскиот дел од првенството, Гоце Седлоски и „црвено-црните“ фудбалери најдоа решение за „бункерот“ на Шкупи.
Овојпат тимот од Чаир сам си ја отплетка мрежата, откако Кривањева си постига автогол уште во втората минута од средбата. Во 15.минута, Хуан Фелипе постигна еврогол, а на крајот и Дејан Блажевски се запиша меѓу стрелците за убедливи 3-0…И за увертира пред следното коло, и мегадуелот со Шкендија во Скопје.
[new_royalslider id=”509″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА