Јупиии – во „Градски парк“ пак има вода (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Натпреварот меѓу Работнички и Фени индустри ќе се игра во нормални услови откако во салата „Градски парк“ синоќа повторно беше пуштена вода. Дел од долгот што се таложи со години очигледно е подмирен, па кошаркарите на двата тима ќе го имаат тој „луксуз“ за нормално туширање по завршувањето на дерби – натпреварот.

До таму ни стигна спортот, за трофеен клуб како Работнички да е вест кога повторно ќе има вода во салата.

Којзнае, кога веќе старите долгови продолжија да се подмируваат, можеби ќе дојде ред и за спортска вест – ново име во играчкиот кадар на Работнички. Време нема премногу, преодниот рок истекува в петок.

IMG_3449

IMG_3447

IMG_3450

IMG_3452

Се вчитува...