Кјелце секоја година носи нови и нови ракометари, но полскиот првак сега се соочува со проблем да не може да ги сочува своите клучните играчи. Како што јавуваат полските медиуми, најдобриот ракометар на оваа екипа, Михал Јурецки, веќе го најавил своето заминување од Кјелце и го договорил трансферот во Бундес-лигата.
Фленсбург ќе биде новиот клуб на Јурецки, откако одличниот бек ги договорил условите за соработка со овој германски прволигаш, со кого ќе атакува на нови трофеи. Трансферот е договорен за 2019 година, по истекот на неговиот договор со Кјелце, но не се исклучува можноста Фленсбург да му плати извесна сума на Кјелце за полскиот ас да пристигне во текот на летово.
По Јурецки се очекува од Кјелце да си замине и вториот полски „бомбардер“, Карол Биелецки, кој сезонава добива минимална минутажа во својот клуб и е подготвен за промена на тимските бои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА