Иван Јуриќ мора да победи на следните два натпревари против Торино (четврток) и Верона (недела). Доколку не го постигне тоа, Рома е подготвена да му врачи отказ.
Хрватот е во незавидна ситуација како тренер на Рома. Тој ја презеде „волчицата“ од клупската легенда Даниеле Де Роси (41), но досега не успеа да го извлече тимот од кризата. Рома моментално е на 12. место во Серија А, далеку од позициите кои водат во европските натпреварувања. Јуриќ во осум одиграни натпревари има три победи, три порази и две нерешени.
Посебно е критикуван за тешкиот пораз од Фиорентина со 5-1 во последното коло. Италијанските медиуми јавуваат дека по тој меч дошло до физички конфликт меѓу Јуриќ и дефанзивецот Џанлука Манчини (28). Јуриќ на полувремето го извади Манчини од игра, што не му се допадна на играчот. Конфликтот започнал вербално, а потоа, наводно, биле употребени и поостри зборови. Како доказ за тензичната атмосфера Манчини не се врати да го следи второто полувреме од клупата за резерви.
Според италијанските медиуми, судбината на Јуриќ би можела да зависи од резултатите на следните два натпревари против Торино (четврток) и Верона (недела). Доколку резултатите не се задоволителни, Рома веќе има потенцијална замена – Един Терзиќ (42). Минатата сезона Терзиќ стигна до финалето на Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд , каде загуби од Реал Мадрид (2-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА