Јуриќ го држеше последниот тренинг како тренер на Рома

Иван Јуриќ денеска се појави во тренинг-центарот на Рома и го одработе тренингот според предвидното, како што најавуваат италијанските медиуми – негова последна работна обврска како шеф на стручниот штаб на „римската волчица“.

Хрватот пристигна пред нешто повеќе од еден месец на „Олимпико“ по заминувањето на Даниеле де Роси, но слободно може да се каже дека воопшто не ги оправда очекувањата. Тој неколку пати во последните петнаесетина дена беше на работ на отказ, успеваше да „преживее“ на чашата од незадоволство кај челниците беше прелиена со последниот пораз од Верона.

Јавноста е едногласна дека Јуриќ нема никакви шанси да го преживее ова последно фијаско, а денешниот тренинг би требало да биде последен за него бидејќи потрагата по нов тренер сериозно се интензивираше во последните 24 часа. Управата ја отфрлила опцијата за камбек на Даниеле де Роси, а моментно главен фаворит за нов тренер е Пауло Соуса, кој моментно ја води екипата на Ал Ахли во Саудиска Арабија.

Се вчитува...