Крајно негативна сезона 2024/25 за хрватскиот стратег Иван Јуриќ кој откако доби отказ во Рома, сега имаше и неславна епизода со Саутемптон во Премиерлигата.
Саутемптон вчера и дефинитивно испадна од Премиерлигата, а Јуриќ не чекал ни неколку часа за веднаш да ја активира специјалната клаузула за ослободување на неговиот договор. Хрватот веднаш се повлекол и сега е слободен тренер.
Саутемптон вчера и теоретски ги загуби сите шанси за опстанок откако загуби на гостувањето кај Тотенхем со 3-1, а Јуриќ постави еден неславен рекорд. Саутемптон е тим кој најбрзо испаднал во една натпреварувачка сезона во Премиерлигата, дури на седум кола пред крајот на сезоната.
Јуриќ на клупата на Саутемптон заврши после само 107 дена и малку веројатно е дека некогаш ќе добие нова шанса да работи на Островот. За три ипол месеци минати во англиската елита оствари само една победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА