Дебаклот на Рома на гостувањето кај Фиорентина и поразот од 5-1 ќе донесе промена на тренерското место во тимот од главниот град на Италија, пренесуваат италијанските медиуми.
Раководството на тимот не е задоволно од начинот на кој Иван Јуриќ го предводи тимот кој го превзема од почетокот на ноевмри. Веќе по првите четири натпревари се споменуваше негов отказ и покрај тоа што Рома забележа само еден пораз во овие натпревари. Сега тимот бележи и полоши резултати, храватскиот стратег наводно веќе и ја загубил соблекувалната па отказот е неизбежен.
Се споменуваат и две имиња како негов наследник. Едно од нив е добро познато за навивачите на Рома. Тоа е Даниеле Де Роси, легендата на клубот која Јуриќ ја наследи на почетокот на месецот. Тој се уште е под договор со Рома па не се исклучува можноста за негов камбек.
Втората опција е Роберто Манчини кој од неодамна е слободен за нов предизвик откако доби отказ од селекторската функција на Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА