Јуриќ: Се што градевме 40 дена го фрливме во вода за 90 минути

Тренерското место на Иван Јуриќ во Рома е доведено во прашање по катастрофалниот пораз на клубот од главниот град на Италија од Фиорентина со 5-1. Според италијанските медиуми Јуриќ е веќе минато, а клубот веќе и започнал разговори со доскорешниот тренер Даниеле Де Роси за камбек на „Олимпико“.

И самиот Јуриќ не беше задоволен од поразот, но како што вели не смее да се фрли се во вода поради еден пораз поготово кога последните 40 дена Рома изгледаше како клуб кој е подготвен да се бори за голем успех.

„Се беше лошо. Во претходните седум натпревари покажавме дека можеме да бидеме концентрирани, но сега имавме лош став, лош менталитет, лош пристап и тоа не го очекувавм. Како да заборавивме се што направивме.

Би рекол дека тимот која во седум натпревари прими пет голови е силна. Овие фудбалери имаат карактеристики кои се бараат, но овој пат не бевме концентирани. Тоа понекогаш се случува. Мораме подобро.

Тоа е фудбалот. Мислам дека во последните 40 дена одлично ја водев екипата и нема смисли се да фрлиме во вода поради еден натпревар. Видов цврстина, видов добри настапи, млади како се развиваат, старите како ја враќаат формата, но сега фрливме се во вода“, изјави Хрватот.

Се вчитува...