Јусеин Болт на отворањето на олимпискиот стадион: И јас трчав во Токио (ВИДЕО)

Најуспешниот спринтер на денешницата, актуелниот светски и олимписки рекордер, носител на бројни медали од Светските првенства и од Олимписките игри, Јусеин Болт за кратко ја прекина пензијата и се врати во тркачки ритам.

Тој беше дел од егзибициска трка по повод промоцијата на стадионот во Токио на кој ќе се одржуваат атлетските натпреварувања на Игрите следното лето. На трката учествуваа и други славни атлетски имиња, но и параолимпијци. Тимот на Болт заврши на третото место. Олимпискиот стадион во Токио е со капацитет од 80.000 седишта.

 

 

 

 

 

Се вчитува...