Јусеин Болт: „Не сум во форма, се потешко ми е, губам здив по скали…“

Најбрзиот човек на сите времиња, Јусеин Болт, даде интересна изјава за време на Светското првенство во атлетика во Токио. Еден од најголемите спортисти на модерната ера откри дека во моментов не е во добра физичка форма.

A, во 2008 година на Олимписките игри во Пекинг, Болт го сруши светскиот рекорд со 9,58 секунди, што е сè уште најдобриот резултат на сите времиња. Вкупно, тој освои осум златни олимписки медали и 11 светски титули во кариерата.

Сепак, по завршувањето на кариерата, долго време беше надвор од терените поради скината Ахилова тетива, со која се бори со години потоа.

„Сега најчесто вежбам во теретана. Не сум љубител на тоа, но мислам дека сега, откако не бев во форма некое време, треба повторно да почнам да трчам. Бидејќи кога се качувам по скалите, ми се отежнува здивот. Мислам дека кога ќе се вратам во форма, веројатно ќе треба да направам неколку круга само за да го вратам дишењето во нормала“ – призна Болт за лондонски „Гардијан“.

Покрај рекордот на 100 метри, Болт сè уште го држи светскиот рекорд на 200 метри со 19,19 секунди и во штафетата 4×100 метри (36,84 секунди), во која учествуваа и Јохан Блејк, Асафа Пауел и Џастин Гетлин.

„Бевме само поталентирани. Тоа е сè што велам. Секако, тоа може да се види кај мажите. Различно е кај жените, тие трчаат сè побрзо и побрзо време. Значи, тоа кажува дека мора да е талент“ – вели Болт, кој препознатлив по својата харизма, заврши со тоа што и порача на новата генерација да биде поавтентична.

„Станува збор за личност. Мислам дека многу луѓе се обидуваат да се забавуваат, но излегува поинаку. Едноставно мора да се забавувате. Ако се обидете премногу сериозно, без забава, нема да биде исто“ – заклучи Јусеин Болт.

Се вчитува...