Феникс Санс го забележаа вториот пораз во низа откако загубија од Оклахома со 110-118 на домашен терен во натпревар кој го одбележа репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ со настап кој НБА лигата го нема видено од 2010 година.
Центарот постави нов франшизен рекорд по бројот на скокови на еден натпревар завршувајќи го натпреварот со 31 скок. Досега истиот беше во сопственост на Тајсон Чендлер и Пол Силас кои имаа по 27 скокови на една средба.
НБА лигата не памети ваков настап уште од 2010 година кога 31 скок забележа Кевин Лав.
Рекордер останува Вилт Чемберлеин со 55 скокови против Бостон во 1960 година, а тој и Бил Расел имаат и неколку натпревари со повеќе од 40 скокови. Еднаш тоа му успеа и на Нејт Турмонд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

