Јусуф Нуркиќ игра фантастично на стартот од новата сезона, а тоа го потврди и неговата феноменална партија против Хјустон Рокетс откако мечот го заврши како најдобар поединец.
Блејзерс продолжи со одличните партии и веќе стигна до петтиот триумф на стартот од новата сезона. Тие на домашен терен ги победија Рокетс со 125-111. Домаќините беа подобри во текот на целиот натпревар и ги држеа сите периоди под контрола и целосно заслужија да стигнат до нов триумф.
Нуркиќ мечот го заврши со дабл-дабл учинок, а со својата блескава игра не се ни почувствува отсуството на Демијан Лилард. На крајот, босанскиот „ѕвер“ постигна 27 поени, имаше 15 скока и 1 асистенција за својот најдобар меч оваа сезона.
Инаку, најефикасен на натпреварот беше Симонс од победничката екипа со 30 поени, додека кај Рокетс се истакнаа Гордон со 18 поени и Сенгуна со 14 поени и 11 скока.
Од останатите натпревари, Денвер Нагетс славеа над Јута Џез со 117-101. Никола Јокиќ стигна до нов дабл-дабл учинок со 12 поени и 10 скока. Ла Лејкерс се уште се без победа. Овојпат гостуваа кај Минесота и загубија со 111-102. Леброн Џејмс постигна 28 поени, а Едвардс со 29 поени ги предводеше Волвс до победата.
РЕЗУЛТАТИ:
Феникс Санс – Њу Орлеанс Пеликанс 124:111
Портланд Трејл Блејзерс – Хјустон Рокетс 125:111
Денвер Нагетс – Јута Џез 117-101
Сан Антонио Спарс – Чикаго Булс 129:124
Милвоки Бакс – Њујорк Никс 119:108
Минесота – Лос Анџелес Лејкерс 111: 102
Бостон Селтикс – Кливленд 123:132 (п.п.)
Торонто Репторс – Филаделфија 90:112
Вашингтон Визардс – Индијана Пејсерс 117:127
Детроит Пистонс – Атланта Хокс 112:136
Орландо Меџик – Шарлот Хорнетс 113:93
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

