Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Струга Трим и Лум утре ќе го пречека на домашен терен кратовски Силекс во натпревар од 5. коло.
Одличниот играч на стружани, Фатјон Јусуфи пред мечот со кратовци вели дека го почитува противникот, но верува во победа на неговиот тим.
„Нормално, после 4-те последователни победи, атмосферата во тимот е одлична, особено по последната победа против една многу силна екипа, каква што е Шкендија. И против Силекс ќе се обидеме да дојдеме до 3 бода, иако сите знаеме дека ќе биде многу тежок и борбен натпревар. Сепак, сите знаеме дека на овој шампионат нема лесни противници, па затоа е потребна голема борба за да се добијат натпреварите. Респект за Силекс, но со иста самодоверба како и на претходните натпревари, се надевам дека ќе успееме и овојпат“, изјави Јусуфи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

