Јусуфи го заменува Вардар со Гостивар

Младиот талент на Вардар, Нијаз Јусуфи заминува од таборот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб и кариерата ќа ја продолжи во Гостивар, потврдија „црвено-црните“ на социјалните мрежи.

Дваесетгодишникот кој ја покрива средината на теренот оваа сезона настапи на седум натпревари за Вардар во ПМФЛ на кои постигна еден гол, а и покрај напорите на скопскиот тим да го задржи во своите редови, Јусуфи заминува во ривалот кој по 18 одиграни натпревари е на петтото место на табелата со скор од шест победи, шест порази и шест нерешени натпревари.

Се вчитува...