Кошаркарите на Јута Џез натпреварите од новата сезона во НБА ќе ги игра пред ограничен број на публика. Салата на Џез е со капацитет од 18.306 места, а на натпреварите ќе присуствуваат 1.500 луѓе. Се разбира сето тоа ќе биде согласно препораките од здравствените работници. Секој присутен во салата ќе мора да носи заштитна маска.
„Јута верува дека ова е сигурен начин за почеток на враќање на публиката во сала. Со текот на сезоната се очекува да се зголемува бројот на луѓе кои што ќе може да бидат дел од натпреварите на нашиот тим“, изјави претседателот на клубот Џим Олсон.
?| Home games at @vivintarena will be played with a limited number of fans when the NBA season begins amid a series of enhanced health and safety measures implemented throughout the building in consultation with the Utah Department of Health.
— utahjazz (@utahjazz) November 24, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА