Јута „дрма“ во НБА сезонава, Дурант одличен против својот поранешен тим (ВИДЕО)

Јута продолжува со одличните партии во НБА-лигата победувајќи против Мајами за потврда на статусот – екипа со најдобар ефект во досегашниот тек (22 победи и пет порази).

Синоќа на домашен терен Јута триумфираше со 112-94. Донован Мичел со 26 поени како и Бојан Богдановиќ со 19 поени ги предводеа домашните до триумфот, а кај гостите се истакна Кендрик Нан со 23 поени.

Бруклин на гостувањето против Голден стејт победи со 117-134, со одлична партија на Кевин Дурант против својот поранешен клуб.

Дурант мечот го заврши со 20 поени, веднаш за Кајри Ирвинг кој запиша 23 поени. Кај Голден стејт најдобар беше Стеф Кари со 27 поени.

Во останатите мечеви Њујорк го победи Хјустон со 121-99, Индијана славеше на гостувањето против Атланта со 113-125 а Феникс на домашен паркет ја победи Филаделфија со 120-111.

Се вчитува...