Пет натпревари беа одиграни синоќа во НБА лигата во кои Јута го доживеа еден од најтешките порази во историјата, а вистински дебакл доживеа и Мајами.
Бостон беше поразен од Сан Антонио Спарс со 100-95, а Гарза имаше уште еден натпревар со двоцифрен учинок. За 25 минути поминати на паркетот, босанскиот кошаркар Лука Гарза постигна 11 поени и додаде шест скока.
За Спарс, двојката Фокс и Вембањама беа лидери со по 21 поен, а за Бостон, Вајт постигна 29 поени.
Јута го доживеа еден од најтешките порази во историјата губејќи со неверојатни 55 поени! Подобри од Јута Џез беа Шарлот Хорнетс со 150-95, во мечот во кој Јута играше без Јусуф Нуркиќ.
Ман ги предводеше Хорнетс со 20 поени, Милер додаде 18. Кај Јута, Сенсабо постигна 26 поени.
Индијана Пејсерс ги победија Мајами Хит со 123-99.
Најефикасен играч на натпреварот беше Ендру Нембхард со 29 поени и девет асистенции во победничкиот табор. На спротивната страна, Тајлер Хиро се истакна со 21 поен.
НБА – РЕЗУЛТАТИ
Индијана Пејсерс – Мајами Хит 123-99
Детроит Пистонс – Лос Анџелес Клиперс 92-98
Бостон Селтикс – Сан Антонио Спарс 95-100
Чикаго Булс – Далас Маверикс 125-107
Јута Џез – Шарлот Хорнетс 95-150
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

