Кошаркарите на Јута славеа на гостински терен против Хјустон со 108-116, на тој начин израмнувајќи на 1-1 во полуфиналната серија од Западната конференција.
Иако беа аутсајдери и во овој меч, гостите одлично го отворија дуелот и веќе на крајот од првата четвртина се стекнаа со предност од 10 поени разлика. Таа предност во вториот период стигна и до максимални +19, па веќе тогаш можеше да се насети победникот на натпреварот.
Сепак, Хјустон во третата четвртина заигра далеку подобри и успеа да направи пресврт поведувајќи со пет поени, но Јута не потклекна и на крајот стигна до триумфот.
Предводник во победата на гостите беше Инглс со 27 поени, а Мичел и Буркс постигнаа по 17 поени. Кај домашните најефикасни беа Џејмс Харден со 32 поени и Крис Пол со 23 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА