Американскито „јутјубер“ Џејк Пол продолжува на себе својствен начин да ја гради професионалната боксерска кариера. 24-годишникот синоќа во Тампа го нокаутираше во шестата рунда поранешниот ММА и УФЦ шампион Тајрон Вудли со што стигна до петтата професионална победа.
Мечот беше предвиден да трае осум рунди, а двајцата боксери мораа да бидат потешки од 87 килограми. По овој триумф Пол останува максимален во својата професионална кариера, а ова беше вторпат да слави над Вудли кој претходно го доби со судиска одлука.
Претходно вечерта свој дуел имаа и поранешните НБА и НФЛ ѕвезди, Дерон Вилијамс и Френк Гор, а победата со нокаут му припадна на поранешниот кошаркар на Јута Џез.
I’ve KO’ed everyone I’ve fought. pic.twitter.com/Pz55uCIHc4
— Jake Paul (@jakepaul) December 19, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА