Јуве бараше фаул, Милан даде гол – ВАР не реагираше (видео)

Милан пред крајот на полувремето успеа да стигне до израмнување со погодокот што го постигна Калабрија, но на овој гол му претходеше спорна ситуација на половината на „росонерите“.

Имено, домаќините ја одзедоа топката по еден дуел меѓу Чалханоглу и Рабио при кој Французинот остана да лежи на теренот. Гостите бараа фаул, а домашните фудбалери експресно тргнаа во контранападо, Леао го проигра Калабрија, а младиот фудбалер на Милан маестрално ја смести топката во горниот агол од голот на Шчешни.

„Црно-белите“ се надеваа дека ВАР ќе ја смени одлуката, но беше оценето дека контактот не бил доволен за прекршок, па во вторите 45 минути ќе се влезе со израмнети 1-1.

Се вчитува...