Јувентус не успеа да се избори за финале во Лигата на Европа, откако по продолженијата загуби со 2-1 на гостувањето против Севилја во Шпанија.
Севилја и Јувентус пласманот во финалето го бараа по продолженија откако одиграа 1-1 по регуларните 90 минути, идентично како што беше и на првиот натпревар во Торино.
Јувентус поведе на мечот со голот на Влаховиќ во 65. минута, но Севилја со „бомба“ во 71. минута на Сусо успеа да израмни на 1-1.
Во продолженијата, Ерик Ламела погоди во 95. минута за Севилја која на тој начин се избори за финале во Лигата на Европа против Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА