Јуве без „муниција“ на градското дерби

Јувентус се врати на старите проблеми со неефикасноста oткако „старата дама“ одигра без голови на градското дерби со Торино. „Црно-белите“ очекувано имаа повеќе од поседот на топката, но не успеаја да ја претворат иницијативата во победнички погодок против добро организираната одбрана на градскиот ривал.

„Старата дама“ напаѓаше преку Влаховиќ и Јилдиз во првото полувреме, но најубавата шанса ја пропушти Мекени, кој премногу компликуваше кога излезе „еден на еден“ со гостинскиот голман.

Во вториот дел Јуве тргна на се или ништо, но Торино ја пропушти најубавата шанса преку Че Адамс, чиј удар беше фантастично запрен од голманот Де Грегорио.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...