Јувентус наредниот понеделник со гостувањето против Сасуоло ќе ја отвори новата калчолигашка сезона, но тренерот Масимилијано Алегри не може да крене глава од проблеми пред стартот на шампионатот.
Повредите се повеќе земаат замав, па така Алегри за премиерниот меч од новата сезона нема да може да смета на половина екипа. Поточно, првиот голман Шчесни е повреден и ќе мора да паузира, исто како и бековите Квадрадо и Де Шилјо, потоа играчите за врска Погба и Мекени, како и Киеза, Пелегрини и Кајо Жорге, кои исто така се надвор од тренажен процес.
Ако на ова се додаде дека Рабио и Кеан се суспендирани од ланската сезона и нема да можат да настапат против Сасуоло, јасно е дека „старата дама“ ќе мора со крпен тим да атакува на бодовите на ова незгодно гостување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА