Јуве ги потврди лошите вести за состојбата на Савона

Јувентус потврди дека повредата која ја заработи Николо Савона е доста сериозна. Савона се повреди на натпреварот на Јувентус против Манчестер Сити при случаен судир по кој го исчаши зглобот.

Според првите прогнози, тој ќе има пауза од најмалку еден месец. Веднаш по натпреварот тренерот Игор Тудор изјави дека „не изгледало добро“.

Јувентус излезе со официјално соопштение и објасни дека се работи за посериозно оштетување на лигаментите на зглобот на глуждот.

Од клубот додаваат дека Савона веднаш започнал со рехабилитација и дека за еден месец ќе бидат направени нови прегледи.

Се вчитува...