Јуве го освои Суперкупот на Италија, Елмас одигра 20 минути за Наполи (ВИДЕО)

Јувентус е освојувач на трофејот во Суперкупот на Италија, откако славеше со 2-0 против Наполи, за нов трофеј во своите витрини.

Кристијано Роналдо во 64. минута донесе водство од 1-0, а Мората во 96. минута ги постави конечните 2-0.

 

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 67. минута на местото на Бакајоко. Набрзо потоа беше досуден пенал за наполитанците, но Инсиње не успеа да го реализира промашувајќи го целиот гол.

Се вчитува...