Душан Влаховиќ се уште нема одлучено дали кариерата ќе ја продолжи во Јувентус или во Арсенал, Фиорентина се подготвува за негова продажба, но зимскиот трансфер би можел да се искомпликува откако српскиот голгетер беше позитивен на последното тестирање на коронавирус.
Влаховиќ не се најде на списокот на патници за гостувањето против Калјари, а неколку часа подоцна „виолетовите“ информираа за два нови случаи на коронавирус во своите редови. Неофицијално, покрај Србинот позитивен е и Рикардо Сапонара, кој исто така нема да може да настапи на мечот на Сардинија.
Влаховиќ игра во извонредна форма сезонава и веќе има постигнато 17 погодоци, исто колку и Чиро Имобиле на делба на првото место на листата на стрелци.
Јувентус и Арсенал се во мртва трка за да го доведат Србинот во своите редови, а останува да се види дали трансферот ќе се случи зимава или ќе се чека до завршувањето на оваа натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА