Теун Копмајнерс ќе биде првото засилување на Јувентус откако „старата дама“ веќе постигна договор со фудбалерот околу личните услови. Холандскиот играч за врска има сезона за паметење во Аталанта, за неговите услуги се интересираа уште неколку клубови ширум Европа, но Копмајнерс реши да остане во Калчо-лигата, давајќи приоритет на разговорите со Јувентус.
Весникот „Тутоспорт“ објави дека е постигнат целосен договор, Копмајнерс ќе потпише со Јуве на пет години за загарантирана плата д 4,5 милиони евра плус бонуси. Допрва ќе следат преговорите меѓу клубовите, но Холанѓанецот веќе побарал од Аталанта да му ја исполни желбата кариерата да ја продолжи меѓу „црно-белите“ од Торино. Освојувачот на Лигата на Европа веќе најави дека ќе бара 50 милиони евра за Копмејнерс, но Јувентус планира да ја намали оваа сума испраќајќи најмалку еден од своите млади асови во Бергамо.
Холандскиот репрезентативец ќе пристигне во Јувентус како замена за Адриен Рабио, кому му истекува договорот и како слободен играч ќе го напушти таборот на „старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА