Јувентус се соочува со сериозен проблем пред продолжението на сезоната во Калчо-лигата откако Душан Влаховиќ не се рехабилитираше од повредата што го мачи подолго време според прогнозите на клупските лекари.
Тој воопшто не тренира со остатокот од тимот и работи според индивидуална програма, па нема дилема дека тој ќе ги пропушти наредните три натпревари на Јуве, против Кремонезе на 4 јануари, со Удинезе три дена подоцна, како и големото дерби со Наполи закажано за 13 јануари. Влаховиќ нема одиграно цел меч од 15 октомври, последен пат за Јуве настапи на 25 октомври против Бенфика, а на СП во Катар токму поради повредата беше далеку од посакуваната форма.
Тој веќе имал разговор со тренерот Алегри и се договориле дека е најдобро сега да не брза со камбек, за кога конечно ќе се врати тоа да биде со стопроцентна подготвеност, без ризик од обновување на истата повреда.
Во таборот на Јуве се надеваат дека Србинот би можел да одигра дваесетина минути на куп-мечот со Монца на 19 јануари, а потоа да биде стартер на дербито со Аталанта. Сепак, ситуацијата се менува од ден на ден, па никој со сигурност не може да каже кога Алегри повторно ќе може да смета на својот најдобар напаѓач во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА