Стадионот на Јувентус наскоро може да го смени името во „Алијанц“ арена, откако светски познатата компанија му понуди на клубот 550 милиони евра за долгогодишна соработка.
Домот на италијанскиот шампион е изграден и го носи името на клубот од 2011 година, но сега раководството сериозно размислува да ја прифати понудата, па така со овој спонзор ќе се приклучат на петте најбогати клубови во светот, а ќе биде веднаш зад Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен.
„Алијанц“ е фирма која долго време е во фудбалската сфера, знаејќи дека соработува со Баерн од 2000 година, а пред три години потпишаа продолжување на соработката до 2041 година, па така фирмата поседува нешто повеќе од 8% од клубот.
Доколку Јувентус ја прифати понудата, ќе стане само третиот клуб во Серија А со стадион именуван според спонзор, „Дачија“ стадионот на Удинезе и „Мапеи“ на Сасуоло се веќе познати во италијанскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА