Јуве му постави ултиматум на Мота: Исполни го тоа, или добиваш отказ!

Јувентус вчера доживеа шокатна елиминацја од Лигата на шампионите, откако загуби од ПСВ по продолженијата со 3-1. Од Торино, италијанскиот гигант донесе предност од 2-1 во Ајндховен, но со истиот резултат заврши и реваншот, па мораа да се играат продолженија.

На крајот ПСВ постигна уште еден гол, со кој замина во следната фаза, и со тоа го продлабочи разочарувањето кај фановите на Јувентус, кои уште од сега сметаат дека Тиаго Мота не е нивното идеално решение за тренер на клубот.

Како што пренесуваат елитните медиуми од Италија, Јувентус уште од сега му дал ултиматум на Тиаго Мота. Тој ќе биде поддржан до крајот на сезоната, но ќе добие отказ ако не успее со тимот да се пласира во Лигата на шампионите.

Јувентус исто така сезонава го загуби и Супер-Купот откако загуби од Милан. Тимот и натаму има шанси за трофеј, оној во Купот, но не и тој во Серија „А“ затоа што уште од сега има големо заостанување зад водечките Интер и Наполи.

Се вчитува...