Јуве не е Реал: Роналдо остана без привилегија…

Кристијано Роналдо се почесто ги тресе противничките мрежи како член на Јувентус, но Португалецот ја продолжи и серијата слаби реализации кога станува збор за слободните удари. Роналдо истиот проблем го имаше и во Реал Мадрид, но „кралевите“ му овозможуваа да продолжи да шутира, што не е случај и во Јуве, каде големиот ас ќе нема такви привилегии.

„Кристијано Роналдо е паметен човек. Договорот е договор, а свесен е и дека Пјаниќ и Дибала се извонредни изведувачи на слободни удари“ – истакна тренерот Алегри.

Одлуката стапува на сила од денешниот натпревар со Калјари, на кој Дибала ќе шутира од ситуации подобри за оние кои бијат со левата нога, а Пјаниќ ќе ги изведува слободните удари од позиции кои се подобри за фудбалери кои се „специјалисти“ со десната нога.

Се вчитува...