Фудбалерите на Јувентус повторно не стигнаа до победа во домашниот шампионат откако вечерва ремизираа на домашен терен 2-2 против Парма во меч од 10. коло од италијанската Серија А.
Гостите поведоа со 0-1 со голот на Дел Прато во 3. минута. На 1-1 израмни Мекини во 31. минута, а до крајот на првиот дел Парма имаше и 1-2 со погодокот на Сом во 38. минута. Конечните 2-2 ги постави Тимоти Веа во 49. минута.
Juventus [2] – 2 Parma – Timothy Weah 50'
byu/etclassico insoccer
Во последниот меч од денешната програма Аталанта славеше со 2-0 против Монца. Стрелци на головите за тимот од Бергамо беа Самарџиќ и Запакоста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА