Јуве пред казна  –  Фановите на „старата дама“ со погрдни зборови до Един Џеко

Јувентус го победи Интер со 2-0 во дербито на колото, а фановите на Един Џеко на самиот крај му испратија навредливи пораки.

Како што пренесува „Calciomercato“, се се случувало пред трибината на која се наоѓале најжестоките фанови на „Старата дама“. Наводно, репрезентативецот на БиХ направил гест за да ги налути навивачите на домашниот тим, а потоа на трибините одекнале: „Циган, циган“.

Доколку делегатот на споменатиот натпревар ова го има забележано во записникот, Јуве би можел да биде строго казнет.

Ова не е првпат Един да трпи вакви навреди. На почетокот на годината на дуелот меѓу Аталанта и Интер беше на ист начин навредуван од навивачи на тимот од Бергамо кои му скандираа „цигане“.

Един синоќа на теренот ги мина сите 90 минути, но не можеше да направи ништо значајно пред голот на Јувентус кој со головите на Рабио и младиот Фаџоли оствари многу важна победа.

Се вчитува...