Ромелу Лукаку веќе неколку месеци се поврзува со трансфер во Интер, но „нероаѕурите“ никако не успеваат да се договорат со Манчестер Јунајтед околу висината на отштетата. Целата ситуација многу лесно може да ја искористи Јувентус, откако италијанскиот првак реши да се вклучи во трката по белгискиот „џин“.
Директорот Паратичи денеска во Милано остварил средба со агентот на Лукаку, кој не крие дека одличниот голгетер е заинтересиран за преселба во Јуве доколку клубовите постигнат договор. Ова би претставувал сериозен удар за новиот тренер на Интер, Антонио Конте, кој го потенцираше Лукаку како своја главна желба за овој преоден рок. Конте во слична ситуација извиси за Лукаку и пред неколку години, кога беше на чекор да го доведе во Челси, за во последен момент тој да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Воедно, Јуве има и сериозен адут во преговорите во Пауло Дибала, кој може да замине во Манчестер во директна замена за Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА