Јуве се „намачи“ со Специја, но конечно победи во Серија А (ВИДЕО)

Јувентус конечно успеа да стигне до првата победа во италијанската Серија А, откако во трилер меч успеа да слави на гости кај Специја со 2-3. „Старата дама“ експресно поведе со голот на Кеан во 28. минута, но само пет минути подоцна домаќините израмни Ѓаси.

Во вториот дел водство за Специја донесе Антисте во 51. минута, но со головите на Киеза во 66. и Де Лихт во 71. минута, Јуве успеа да се спаси од бездната и да стигне до прв триумф годинава.

 

 

 

 

Се вчитува...