Јуве со гол од пенал во 97. минута го реши Милан

Јувентус стигна до триумф од 2-1 против Милан во првиот натпревар од 28. коло во Серија А со гол од пенал во 97. минута.

„Миланезите“ имаа реми со „Старата дама“ се до последните секунди од средбата. Главниот судија покажа четири минути судиско продолжување, но досуди пенал во 95. минута по наводна игра со рака на Де Шиљо. Сигурен реализатор од белата точка за победа беше Дибала во 97. минута.

Претходно, Јуве дојде до водство преку Бенатиа во 30. минута од средбата. Но, Милан израмни во 43. минута со голот на Бака.

1st Half All Goals & Highlights – Juventus 1-1… by gentsogojeva

Во второто полувреме Јувентус имаше можности да дојде многу порано до триумфот, но Игуаин и Пјаниќ не реализираа одлични можности.

По овој триумф Јуве сега е на 11 бода предност во однос на Рома, која во недела ја очекува пресметката на гости против Палермо.

Се вчитува...