Јуве во 97. минута се спаси од пораз, Рома со предност патува во Леверкузен на патот кон финале во ЛЕ (ВИДЕО)

Јувентус не успеа да ја искористи предноста на домашен терен ремизирајќи со Севилја (1-1) во Торино, во првиот полуфинален натпревар во Лигата на Европа. Но, и тоа е повеќе од одличен резултат за Јуве ако се знае дека ремито го извлече во 97. минута со голот на Федерико Гати.

„Старата дама“ сега на гостински терен во Шпанија ќе мора да ја бара можноста за финале во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Предноста од 0-1 на Севилја и ја донесе Ен Несири со голот уште во 26. минута од средбата. Но, Гати во длабокото судиско продолжение во 97. минута, успеа да го спаси својот тим од пораз.

А, со предност од 1-0 во Леверкузен ќе патува Рома по триумфот на домашен терен против Баер.

„Волчицата“ до победата дојде со голот на Едоардо Бове во 68. минута.

Се вчитува...