Пауло Дибала никако не може да ја пронајде својата „голгетереска“ форма, тој одигра уште една очајна игра, а доби шанса само затоа што Мората беше суспендиран. Јасно е дека Шпанецот и Роналдо се победнички тандем, тие постигнаа скоро 90% од головите на Јувентус, а доколку вака продолжат да се одвиваат работите, Аргентинецот најверојатно и ќе го напушти клубот на лето.
Медиумите од Италија пишуваат дека Јуве е обесхрабрен затоа што „Ла Хоја“ веќе подолго време не може да излезе од лошата форма. Иако Пирло го охрабрува и мотивира, Аргентинецот изгледа безопасен и без никаква верба во себе.
Постојат неколку опции, тимот од Торино бара алтернатива и супер решение во донесување на Погба како замена за Дибала, но Французинот би морал да ги намали своите апетити, бидејќи во Манчестер Јунајтед заработува двојно повеќе од Пауло.
Втора опција е ПСЖ. Имено, ако Мбапе замине, Леонардо ќе се обиде да го донесе Дибала. Парижаните имаат идеја да ги вклучат Ди Марија или Паредес во зделката, а не толку одамна, Јуве им го понуди Дибала и плус 100 милиони за да го донесат Нејмар во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

