Јуве заработи 15 милиони евра на играч што не заигра за „старата дама“

Јувентус собира пари за мегатрансфери, откако „старата дама“ заработи 15 милиони евра за фудбалер кој ниту еднаш не го облече црно-белиот дрес. Станува збор за Рикардо Орсолини, младинскиот репрезентативец на Италија кој од денеска и официјално е член на Болоња.

Тој ја мина ланската сезона на позајмица во таборот на „болоњезите“, а летово на инсистирање на тренерот Михајловиќ беше откупен неговиот договор со Јувентус.

„Можеме да потврдиме дека Рикардо Орсолини кариерата ја продолжува во Болоња откако овој клуб ја активираше клаузулата за откуп на договорот“ – потврди раководството на Јувентус.

Болоња претходно задржа уште двајца стандардни првотимци, Никола Сансоне и Роберто Соријано, откупувајќи ги нивните договори со шпанскиот прволигаш Вилјареал.

 

Се вчитува...