Јувентус бара 100 милиони евра за Пјаниќ

Италијанскиот првак Јувентус е под притисок од Реал Мадрид за босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ. Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, не може да се помири со заминувањето на Кристијано Роналдо, а тоа може да повлече и лавина, па „Сантијаго Бернабеу“ да го напуштат и Лука Модриќ и Марсело. Но, и Реал Мадрид веднаш реагира и сака да го купи Миралем Пјаниќ.

Раководството на „старата дама“ се обидува да го задржи босанскиот играч за врска, иако ќе мора и да продава поради преголемите трошоци што ги има клубот. Јувентус на Пјаниќ му нуди нов договор и зголемување на платата на 6,5 милиони евра по сезона, а истовремено тоа би значело и дека нема да се откаже од неговите услуги без отштета од 100 милиони евра.

За Босанецот се заинтересирани и ПСЖ, Челси, Манчестер сити и Барселона.

 

Се вчитува...