Јувентус бара начин да го „откачи“ скапо платеното засилување

Даглас Луиз не ветува ниту ја потврдува огромната цифра која летово Јувентус ја плати за него на Астон Вила . Особено потфрли на последните два натпревари, против Лајпциг во Лигата на шампионите и Каљари во италијанската лига .

Бразилецот е платен 51 милиони евра од Астон Вила, меѓутоа не успева да ги оправда очекувањата и целите. После тие грешки, тој испадна и од списокот на бразилскиот национален тим за следните натпревари.
Според информациите, сега Јувентус бара начин како да го „откачи“ ова, се чини промашување кое го донесе на почетокот на сезоната.

Се вчитува...