Јувентус веќе размислува за ангажман на стопер, откако е се појасно дека Матијс де Лихт ќе се пресели во Баерн Минхен. Прв „пик“ на „бјанконерите“ е дефанзивецот на Арсенал, Габриел.
Тимот од Торино се очекува во следните денови да го продаде Холанѓанецот на Баерн за 80 милиони плус 10 милиони евра бонуси. Со тие пари ќе тргне по Бразилецот од Арсенал. Доколку не успее, тогаш резервна варијанта е стоперот на Монако, Беноа Бадиашил.
Една од варијантите беше и Калиду Кулибали од Наполи, но тој бара превисока плата. Исто така Јуве прашуваше за Глејсон Бремер од Торино, меѓутоа тој најверојатно ќе се пресели во Интер, како замена за Милан Шкринијар кој ќе оди во ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

